Поведена претходна постапка над компанијата КИНЛЕВИ ЛДТ БВИ за производство на шеќер во Битола.
Основниот суд Битола донесе Решение Ст. бр. 110/26 од 22.7.2026 година со кое се поведува претходна постапка заради утврдување на условите за отворање на стечајна постапка над ДПТУ КИНЛЕВИ ЛТД БВИ од Битола, ул. „Бурса“ бр. 69, со ЕДБ 4002015542605 и ЕМБС 7063547, со претежна дејност со шифра 10.810 – Производство на шеќер со жиро-сметка со бр. 240150104375853 при Универзална инвестициона банка АД Скопје. Се определува рочиште за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за ден 26.08.2026 година во 14:00 часот во судница бр. 55 на Основен суд Битола и се определуваат мерки за обезбедување.
