Поведена претходна постапка над ТХОР ИНДУСТРИЕС

15 Апр 2026, 15:20 136 Поведена претходна постапка над ТХОР ИНДУСТРИЕС

Основниот граѓански суд Скопје, објави дека со Решение IV Ст. бр. 12/26 од 31.3.2026 година, се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот Друштво за производство,трговија и услуги ТХОР ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 3/ спрат 11 Скопје, единствен матичен број на субјектот на уписот 7467788, единствен даночен број 4080020593677 при УЈП – Регионална дирекција Скопје и шифра на дејност 68.120 - Изработка на градежни проекти. За привремен стечаен управник е определена лицето Владица Ивановска, ул. „Ленинова“ бр. 12/3-4 Свети Николе.